20 најчести симптоми на омикрон

FILE PHOTO: Test tubes labelled “COVID-19 Test Positive” are seen in front of displayed words “OMICRON SARS-COV-2” in this illustration taken December 11, 2021. REUTERS/Dado Ruvic/Illustration

Advertisement

Делта сојот на коронавирус означи промена на симптомите на Ковид 19 од „класични“ симптоми како треска, кашлица и губење на вкус или мирис, според апликацијата ZOE Covid Study.

Симптомите слични на настинка станаа почести кај делта сојот, а кај омикрон трендот само продолжи, рече професорот Тим ​​Спектор, ко-креатор на апликацијата.

Спектор вели дека знаците на омикрон може да се движат од течење на носот до „магла“ во мозокот и болка во очите откако вирусот еволуирал.

Апликацијата ZOE ги следи симптомите на ковид од март 2020 година, собирајќи 480 милиони извештаи.

„Важно е да се запамети дека иако делта и омикрон може да изгледаат како настинки кај многумина од нас, тие исто така можат да предизвикаат долготрајни симптоми кои ќе го попречат нашиот секојдневен живот, особено кај луѓе кои не биле вакцинирани или се имунокомпромитирани“, рече Тим Спектор.

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон ги споредиле податоците од периодот кога делта беше доминантна варијанта во октомври со извештаите во декември кога омикронот почнал да се шири и не откриле никаква разлика помеѓу симптомите на делта и омикрон.

Сепак, некои симптоми се почести кај инфекциите од омикрон, а Спектор ги претстави 20-те најчести симптоми на овој сој според апликацијата ZOE.

– Течење на носот

– Главоболка

– Замор

– Кивавица

– Воспалено грло

– Постојана кашлица

– Рапав глас

– „Друго“

– Треперење или тресење

– Грозница, треска

– Вртоглавица / слабост

– „Мозочна магла“

– Променет мирис

– Болка во очите

– Невообичаена болка во мускулите

– Губење на апетит

– Губење на мирис

– Болка во градите

– Отечени жлезди

– Депресивно расположение

Advertisement

Read Previous

“Vde*kja e Rexhail Qerimit”, reagon BESA. Ja çfarë thonë

Read Next

Ndahet lajm shumë i hidhur për Hashim Thaçin nga Specialja

%d bloggers like this: