ФОТО | Љубовната приказна на Александар и Анче Џамбазови: Раскошни љубов и талент кои се паметат

Advertisement

Семејството Џамбазови се уникатна креативна плетка на македонската културна сцена.

Денеска во чест на починатиот Александар Џамбазов, таткото на Игор и Тања, сопруг на Анче и композитор и диригент познат на целата јавност, споделуваме неколку сентименти од нивното најрано запознавање, љубов и живот исполнет со музика и театар.

Нивниот син Игор, познат шоумен и актер, често споделува на својот инстаграм профил фотографии од нивните младешки години, а во една пригода, сподели фотографија од нивната свадба.

Фотографијата плени со младост и радост, а на неа позираат младенците Џамбазови, притоа Игор доби коментари дека е „плукнат“ на татко му. Емотивната објава привлече многу внимание од неговите пријатели кои запишаа дека парот Александар и Анче се легенди, луѓе за секоја почит и едни од ретките интелектуални двојки кои ја одбележаа македонската културна сцена.

Љубовната приказна за Александар и Анче е полна со анегдоти. Добро е познато дека Анче беше ќерка на култниот глумец Петре Прличко. Она што и самиот покоен маестро раскажувал е дека кога ја запросил Анче од бардот на театарското глумиште, Прличко, тој на зетот му рекол дека Анче досега била запросувана од важни луѓе, конзули, амбасадори… И не сакал да ја даде за музичар!

Анче Џамбазова и Петре Прличко
Анче Џамбазова/ПетреПрличко/Принскрин/Инстаграм

Сепак, љубовта надвладеала. Од бракот со Анче, се раѓаат Игор и Тања. Животот им приредувал секакви премрежја, а бидејќи Игор е роден непосредно пред големиот скопски земјотрес во 1963,  имале голема среќа што останале сите здрави и живи.

 

Игор, во една прилика за нивниот однос изјави дека нивната љубов била раскошна, трпелива, полна со разбирање и почит. Семејните одмори, заеднички прослави, постојаниот музички свет дома и гости од сите уметности кај нив дома, се еден сублимат на живот кој го живеат уметници со полно срце.

Убавите сеќавања за татка си Игор ги сподели и во една друга пригода, кога објави фотографија на својот инстаграм профил со кратка приказна околу Маестрото…

„1981 бев во војска. У Београду. Кога прв пат ми кажаа дека ми дошла посета “из Македоније”, прашав “кој”? А дежурниот на капијата ми рече: “Како ко, па дошо ти брат.” Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога конечно стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас јакна и очила “ленонки”. А дежурниот ми вика: “Брат ти је закон. А како личите, је.о вас пас”. И денес сфаќам да је био у праву…
П.С. Пас нас још није је.о, ама ние се повеќе си личиме…“

Легендите не умираат, а спомените секогаш остануваат да живеат во колективното сеќавање за луѓе како Анче и Александар. Слава им!

Advertisement

Read Previous

Familja e Rexhaili ngrisin dyshime në lidhje me vde*kjen e tij (Video)

Read Next

Австриец се заканил дека ќе уб*ива невакцинирани луѓе

%d bloggers like this: