Поради падот на биткоинот речиси 30.000 милионери помалку

Advertisement

Неодамнешната корекција на цената на биткоинот имаше неколку жртви, а инвеститорите значително загубија.

Иако биткоинот веќе прави мали добивки, бројот на оние кои имаа милиони драстично се намали во последните месеци.

Според податоците собрани од Финболд, меѓу октомври 2021 година и јануари 2022 година, бројот на биткоин адреси со повеќе од милион долари е намален за 28.186 или 24,26 отсто. Во октомври бројот на адреси изнесувал 116.139, а во јануари 2022 година паднал на 87.953.

Генерално, листата на оние кои се збогатиле со биткоин е пократка ако се погледнат последните три месеци.

Паричниците (онлајн паричници со салда на криптовалути) на кои имало повеќе од 100.000 долари паднале за 30,04 отсто од 505.711 на 353.763.

Бројот на адреси со милион долари и повеќе паднал за 23,5 отсто од 105.820 на 80.945. Парчниците со над 10 милиони долари забележаа пад од 32,08 отсто од 10.319 на 7.008.

Во моментов е речиси невозможно да се одреди кои се сопствениците кои претрпеле загуби токму поради анонимноста која го карактеризира биткоинот.

Падот на листата на богати со биткоин се должи на непредвидливоста што го карактеризира биткоинот како средство, која се интензивираше во последните недели.

Според истражувањето, комбинацијата на фактори како што се регулаторно тестирање, турбулентните пазари, геополитичките немири и коронавирусот имаат негативно влијание врз вредноста на биткоинот како средство.

Сепак, и покрај нестабилниот почеток на годината, многу аналитичари продолжуваат да го фалат имотот како заштита од зголемената инфлација.

И покрај неодамнешната корекција на цената на биткоинот, пазарот се уште е оптимистичен бидејќи средствата најверојатно ќе достигнат нови нивоа.

Advertisement

Read Previous

„Поинаку“ со мапирани депонии на работна средба во ЈП Комуналец Битола

Read Next

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

%d bloggers like this: