Писмото со закани за Јовески: Ако не ги ослободиш новинарите на Алфа, ќе те уб*иеме (Doc.)

Advertisement

Jавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот.

Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување.

Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата.

Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката.

Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја доби на 26.1.2022.

Advertisement

Read Previous

Ndahet lajm shumë i hidhur për Hashim Thaçin nga Specialja

Read Next

„Поинаку“ со мапирани депонии на работна средба во ЈП Комуналец Битола

%d bloggers like this: